Правдико

   

Директор на училиште со незаконски превоз на ученици го оштетил буџетот за 2,3 милиона денари

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Директор на основно училиште во Македонски Брод организирал превоз на ученици со возила што не поседувале лиценци за посебен линиски превоз и превоз на ученици. Со тоа тој го оштетил буџетот на училиштето за 2.396.920 денари.

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.С. (54) од Македонски Брод, вработен како директор на ООУ „Свети Климент Охридски“, за сторено продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, како и вршење јавен превоз без поседување лиценца.

„Пријавениот во периодот од 2011 до 2016 година постапил спротивно на Законот за јавните набавки и Законот за превоз во патниот сообраќај и дозволил превозот на учениците од нивните домови до училиштето дел да се врши со комбињата кои се во сопственост на ООУ ’Свети Климент Охридски’, а дел со комбиња што се во сопственост на СОУ ‘Свети Наум Охридски’, иако и основното и средното училиште за комбињата со кои се вршел превозот на ученици не поседувале соодветни лиценци“, соопшти МВР.

Директорот во годишните финансиски планови на расходи, на ставката превозни услуги во образованието, за превозот предвидувал поголеми износи парични средства со кои ги покривал трошоците за незаконски организираниот превоз на ученици. Со ваквото работење пријавениот го оштетил буџетот на ООУ „Свети Климент Охридски“ во висина од 2.396.920 денари.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико