Директорката на училиштето во Чашка и градоначалникот заработија кривични пријави
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Л.Т.(63) од Чашка за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” и против Г.П.(47) од Велес за сторено кривично дело “несовесно работење во службата”.
За временскиот период од 25.04.2016 до 17.07.2017 година првопријавената, како директор на Основно училиште “Тодор Јанев” во Чашка, без добиена согласност од општина Чашка и Министерството за образование и наука на Р. Македонија, склучила договор за сместување на работници од Градежно друштво од Скопје во ученичкиот дом кој функционира во состав на училиштето.
Второпријавениот, како градоначалник на Општина Чашка, на Л.Т. и дал усмена согласност за склучување на договорот. Со горенаведените дејствија пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 438.910 денари.
Извор: Нова Македонија