Директорот на неврохирургија пријавен за примање мито
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Директорот на неврохирургија, Александар Чапароски, по пријава дека побарал мито, во вторник бил повикан на информативен разговор во полиција.
Според неофицијални информации, станува збор за татко на 14 годишно дете кое требало да замине на лекување во странство.
Чапароски, наводно побарал од родителите пари за упат и стручно мислење.
Од МВР го потврдуваат случајот, но не откриваат детали.
Извор: Макфакс