Директорот на Пескара Вел - Велес фатен во финансиски криминал тежок 165.000 евра | Правдико

Правдико

   

Директорот на Пескара Вел – Велес фатен во финансиски криминал тежок 165.000 евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

12846646-f4d1-4cb2-9b64-9eb6d951cd8b-eurosФинансиската полиција поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и „Помагање“, до Основното Јавно обвинителство во Велес поднесе кривични пријави против лицата Ј.М од Велес инаку директор на правното лице Пескара Вел Велес и З.З од Скопје вработен како сметководител во правниот субјект МАК КОНСАЛТИНГ СУЗАНА ДООЕЛ Скопје.

Според податоците од предистражната постапка, првопријавениот Ј.М од Велес, во својство на управител и овластен потписник на банкарската сметка на правниот субјект ПЕСКАРА-ВЕЛ ДООЕЛ Велес, помогнат од второпријавениот З.З, сметководител од правниот субјект МАК КОНСАЛТИНГ СУЗАНА ДООЕЛ Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист во период од 2008-2012 година противправно прикажал повисок износ на влезен ДДВ, на начин што за потребите на правниот субјект ПЕСКАРА-ВЕЛ ДООЕЛ Велес употребил поголем број на фактури со невистинита содржина за наводно извршени набавки на стоки, со вкалкулиран износ на ДДВ од правните лица ВИЗУС ИНТЕРНАЦИОНАЛ, МАРТОМ ДООЕЛ, БОР-ЗО ИНЖИНЕРИНГ, ТОМ-СТЕ ПРЕВОЗ и МАРТИН-МС сите од Скопје.

Сите овие фирми кои буквално произведувале фактури со невистинита содржина, од претходно и се познати на финансиската полиција бидејќи истите се контролирани од страна на второпријавениот сметководител З.З против кој од страна на Финансиската полиција се поднесени неколу кривични пријави за измами за ДДВ тешки неколку милиони евра.

Криминалната шема која ја терале прво и второ пријавениот се состоела во тоа што второпријавениот З.З изготвувал фактури со невистинита содржина за наводна испорака на песок од страна на фирмите кои биле под негова контрола до крајниот корисник Пескара Вел Велес. Откако Пескара Вел Велес ќе извршела плаќање за наводно набавениот песок од фирмите ВИЗУС ИНТЕРНАЦИОНАЛ, МАРТОМ ДООЕЛ, БОР-ЗО ИНЖИНЕРИНГ, ТОМ-СТЕ ПРЕВОЗ и МАРТИН-МС, З.З кој бил овластен потписник на банкарските сметки на сите овие фирми, парите ги вадел од банкарските сметки и му ги враќал на првопријавениот Ј.М.

Олеснителна околност за откривање на сторениот финансиски криминал е и неспретноста на пријавените бидејќи во испратниците за наводен транспорт на песок откриено е дека како средства за превоз на илијадниците тони песок наместо камиони евидентирале патнички моторни возила од кои едно е приватниот џип на втропријавениот З.З, две возила се со таблици кои ги користи Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија а преостанатите таблици се од патнички возила кои не биле во употреба подолг временски период.

Препорачуваме

Партнери на Правдико