Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите | Правдико

Правдико

   

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во врска со набавката на недозволените предмети кои викендов беа пронајдени во ќелијата на Јане Ченто, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието на РМ.

Котевски за „Макфакс“ вели дека моментално се врши внатрешна истрага во затворот во Шуто Оризари со цел пронаоѓање на инволвираните кои му помогнале на Ченто да добие мобилен телефон, полнач, импровизиран кабел за полнење и останати недозволени предмети.

„Моментално немам одговор на тоа како Ченто ги внел недозволените работи во ќелијата, имаме внатрешна контрола, работиме на разрешување на случајот. Се надевам набрзо ќе се дознае, не се исклучува можноста вработените да бидат вмешани во ова“, вели Котевски.

„Макфакс“ стапи во контакт и со сестрата на Јане Ченто, која рече дека не знае многу за настанот, но пријатели кои имаат познаници во овој затвор ја информирале дека најверојатно некој од чуварите помогнал нејзиниот брат да го внесе мобилнот телефон.

Минатиот петок службените лица издале наредба Ченто да ги предаде недозволените предмети што  ги поседувал на што тој се спротивставил и пружил активен и насилен отпор. На ова службените лица, како што вели директорот Котевски, реагирале со зафат согласно со утврдените професионални протоколи и процедури предвидени за претрес на соби, по што телефонот и останатите недозволени предмети му биле одземени. Ченто поминал без посериозни повреди, со црвенило на кожата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико