Дискриминација во огласите за вработување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Досегашната практика на Комисијата за заштита од дискриминација, од нејзиното формирање до крајот на 2013 година, бележи најголем број на претставки во областа на работата и работните односи. Исто така, секојдневно е сведок на огласи за вработување кои содржат дискриминациски делови и постојано упатува на отстранување на дискриминациските содржини од нив.
Ова истражување е прво од ваков вид во Република Македонија, кое систематски и методолошки приоѓа на проблемот на дискриминацијата и на Комисијата и овозможува да има квалитетна статистичка база и аргументи при давањето на препораки за промена на законодавството во областа на медиумите и работните односи, но и да биде основа за алармирање на работодавците, од една страна, и медиумите, од друга страна, за неопходноста од промена на дискриминациската практика.
Целото издание можете да го превземете ТУКА