Правдико

   

Дискриминација во остварувањето на права од областа на социјалната заштита

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

social-media-discriminationПоимот Дискриминација е секое неоправдано правно или фактичко, непосредно или посредно правење на разлика или нееднакво постапување, односно пропуштање(исклучување, ограничување или давање првенство) во однос на лица или групи кое се заснова на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување,образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа;

Со одредбите од Законот за социјална заштита се забранува директна или индиректна дискриминација врз основа на пол, раса, боја на кожата, националност, етничка, социјална, политичка, верска, културна, јазична, имотна и општествена припадност, онеспособеност и потекло во остварување на правата од социјалната заштита утврдени со законот за социјална заштита.

Директна дискриминација 

Директна дискриминација е секое постапување со кое барател или корисник на социјална заштита бил ставен во неповолна положба од другите корисници во
споредбени случаи.

Индиректна дискриминација

Индиректна дискриминација постои кога определена навидум неутрална одредба, критериум или пракса го става барателот или корисникот на социјална заштита поради пол , раса, боја на кожата, националност, етничка, социјална, политичка, верска, културна, јазична, имотна и општествена припадност, онеспособеност и потекло во однос на другите корисници на права од социјална заштита .

solicitors-discriminationЗаштита од дискриминација

Во случаи на дискриминација утврдени во Законот за социјална заштита , барателот или корисникот на социјална заштита има право да бара заштита од надлежен орган. Согласно Законот за еднакви можности помеѓу жените и мажите Иницијатива за заштита од дискриминација по основ на пол се доставува до Министерството за труд и социјална политика до Застапникот за еднакви можности на жени и мажи.

Иницијативата треба да содржи: назив на органот до кој се доставува, име презиме и место на живеење на подносителот, основ( нееднаков третман по основ пол) опис на дискриминацијата( директна или индиректна), докази (изјави или сослушување на странки) и предлог застапникот да поведе постапка за испитување на фактите наведени во иницијативата, да сослуша сведоци и да даде мислење дали постои дискриманиција во конкретен случај. До Комисијата за заштита од дискриминација се поднесуваат Претставки од граѓани по основ директна или индиректна дискриминација по основ раса, боја на кожата, националност, етничка, социјална, политичка, верска, културна, јазична, имотна и општествена припадност, онеспособеност и потекло.

Претставката треба да го содржи називот на органот до кој се доставува претставката (Комисија за заштита од дискриминација), име презиме и место на живеење на подносителот, опис на дејствието со кое подносителот е дискриминиран и да приложи факти и докази со кои располага или да предложи комисијата по службена должност да ги прибави истите.

Комисијата дава мислење за наводната дискриминација во рок од 90 дена од денот на поднесувањето на претставката и за тоа го известува поднесувачот и лицето против кое е поднесена претставката. Со писменото мислење, а по утврдената дискриминација, Комисијата препорачува начин на отстранување на повредите на правото. Лицето на кое препораката е упатена, е должно да постапи по препораката и да ја отстрани повредата на правото во рок од 30 дена од денот на приемот на препораката, како и за тоа да ја извести Комисијата. Лицето кое смета дека поради дискриминација му е повредено некое право е
oвластено да поднесе тужба пред надлежен суд.

Во постапката соодветно се применуваат одредбите од Законот за парничната постапка. Постапката е итна.

Со тужба може да се бара :

• да се утврди дека тужениот го повредил правото на тужителот на еднаков третман, односно дејствието коешто го презел или пропуштил може непосредно
да доведе до повреда на правата на еднаквост во постапувањето (Службен весник на РМ, бр. 50 од 13.04.2010 година),

• да се забрани преземање дејствија со кои се крши или може да се прекрши правото на тужителот на еднакво постапување, односно да се извршат дејствија
со кои се отстранува дискриминацијата или нејзините последици;

• да се надомести материјалната и нематеријалната штета причинета со повреда на правата заштитени со овој закон и

• да се објави во медиумите пресудата со која е утврдена повреда на правата на еднакво постапување на трошок на тужениот.

• Барањата можaт да се истакнат заедно со барањата за заштита на други права за кои се одлучува во парнична постапка, ако сите барања се во меѓусебна врска и ако ист суд е стварно надлежен за нив, без оглед дали за тие барања е пропишано решавање во општа или во посебна парнична постапка.

Извор: www.osce.org/skopje

Партнери на Правдико