Дискусија на тема: Слобода на говор и медиуми во Македонија- Предизвици и решенија | Правдико

Правдико

   

Дискусија на тема: Слобода на говор и медиуми во Македонија- Предизвици и решенија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

freedom_of_speech_in_europeЦивил и Фондација Фридрих Еберт организираат дискусија на тема „Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија“ во среда, 15 октомври, во ГЕМ Клуб (Скопје, Стара Чаршија), со почеток во 11:30 часот.

Специјален гостин на овој настан е г. Кристијан Мир, Извршен директор на Репортери без граници Германија, кој ќе ги презентира наодите и ставовите на оваа тема.

Ги покануваме новинарите, уредниците, претставниците на граѓанското општество, експертите и активистите за човекови права, како и останатите релевантни засегнати страни и институции, да земат учество во оваа модерирана дискусија.

Медиумите се добредојдени да известуваат за овој настан и да ја пренесат оваа дискусија на пошироката јавност. Организаторите на настанот ќе подготват јавен извештај за наодите и заклучоците од дискусијата.

Извор: Civil

Препорачуваме

Партнери на Правдико