Дисциплинска одговорност на државните службеници | Правдико

Правдико

   

Дисциплинска одговорност на државните службеници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

probate-and-administration-on-estates-on-deathСогласно Законот за државни службеници Државен службеник е лице вработено во државната служба кое врши стручни, нормативно-правни, извршни, управни, управно-надзорни, плански, материјално-финансиски, сметководствени, информатички и други работи од надлежност на органот во согласност со Уставот и со закон. Државните службеници ги вршат работите поврзани со функциите на државата во согласност со Уставот и со закон, професионално, политички неутрално и непристрасно.

Државниот службеник лично е одговорен за вршењето на службените задачи. Доколку настане повреда на службената должност од страна на службеникот (освен секретарот)  тој одговара дисциплински.

Секој државен службеник и друго лице, во согласност со закон, има право да поднесе иницијатива за покренување на дисциплинска постапка против државен службеник која треба да биде образложена. Предлог за покренување на дисциплинска постапка против државниот службеник поднесува непосредно претпоставениот државен службеник, односно раководниот службеник или функционерот кој раководи со органот.

Дисциплинската одговорност на државниот службеник може да се јави во две форми и тоа како  дисциплинска неуредност или дисциплински престап.

Дисциплинска неуредност претставува полесна незначителна повреда на службената должност, односно полесна повреда на угледот на службата или угледот на државниот служба.

Дисциплинската неуреднос постои поради:

1) недоаѓање на работа во определеното време и одење од работа пред истекот на работното време и покрај опомената од непосредно претпоставениот државен службеник;
2) неуредно чување на службените списи и податоци;
3) неоправдано недоаѓање на работа до два работни дена во текот на една календарска година;
4) неносење на ознаките со личното име, ако таква обврска постои;
5) неизвршување или несовесно, непристојно, ненавремено или небрежно вршење на службената должност со полесни последици од повредата;
6) неоправдано неизвестување на непосредно претпоставениот службеник, односно функционерот кој раководи со органот од членот 3 став (2) на овој закон, за спреченоста за недоаѓање на работа во рок од 24 часа и
7) одбивање на стручно оспособување и усовршување на кое државниот службеник се упатува.

Дисциплинскиот престап претставува  потешка значителна повреда на службената должност, односно потешка повреда на угледот на службата или угледот на државниот службеник.

Дисциплинскиот престап постои поради:

1) неизвршување или несовесно, непристојно, ненавремено или небрежно вршење на службената должност;
2) изразување и застапување на политичко уверување во вршењето на службените задачи;
3) одбивање да се даде или давање на неточни податоци на државните органи, правните лица и на граѓаните, доколку давањето на податоци е пропишано со закон;
4) незаконито располагање со материјалните средства;
5) одбивање на вршење на службените задачи од работното место на кои е распореден или одбивање на наредби од министерот, односно функционерот кој раководи со органот од членот 3 став (2) на овој закон, односно раководен службеник;
6) непочитување на актот од член 27 став (2) на овој закон.
7) непреземање или делумно преземање на пропишаните мерки за осигурување на безбедноста на доверените предмети;
8) предизвикување на поголема материјална штета;
9) повторување на дисциплинска неуредност;
10) примање на подароци или друг вид корист;
11) злоупотреба на статусот или пречекорување на овластувањата во вршењето на службените задачи;
12) злоупотреба на боледување;
13) оддавање класифицирана информација со степен на тајност определен согласно со закон;
14) внесување, употреба и работење под дејство на алкохол или наркотични средства;
15) непридржување кон прописите за заштита од болест, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и повреда на прописите за заштита на животната средина;
16) поставување на личниот финансиски интерес во судир со положбата и статусот на државен службеник и
17) навредливо или насилничко однесување;
18) неоправдано одбивање учество во изборни органи;
19) спречувањето на изборите и гласањето, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при изборите, повреда на тајноста на гласањето, уништување на изборни исправи, изборна измама што како член на изборен орган го извршил државниот службеник.

Дисциплинските мерки против државниот службеник за дисциплинска неуредност ги изрекува секретарот, односно функционерот кој раководи со органот во кој не се именува секретар, а по претходен писмен извештај од непосредно претпоставениот државен службеник.Пред изрекување на мерката државниот службеник се известува писмено за наводите што постојат против него и тој има можност да даде одговор на извештајот.

Што се однесува за дисциплинскиот престап  Секретарот, односно функционерот кој раководи со органот формира комисија за водење на дисциплинска постапка за дисциплински престап, во рок од осум дена од денот на поднесувањето на предлогот за покренување на дисциплинска постапка. Комисијата по спроведената дисциплинска постапка му предлага соодветна дисциплинска мерка на секретарот, односно функционерот кој раководи со органот . Секретарот, односно функционерот кој раководи со органот, врз основа на предлогот на комисијата, донесува решение за изрекување на дисциплинска мерка, односно за отфрлање на предлогот, односно за запирање на постапката.

Против решението  државниот службеник има право да изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од осум дена од денот на врачувањето на решението.дисциплински мерки:

Дисциплински мерки кои можат да се изречат се следниве:

1) јавна опомена;
2) парична казна во висина од 20%, односно 30% од висината на едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред извршувањето на повредата на службената должност;
3) распоредување на работно место во непосредно пониско звање и
4) престанок на вработувањето.

За дисциплинска неуредност може да се изрече јавна опомена или парична казна во висина од 20% од едномесечниот износ на нето платата исплатена во последниот месец пред извршувањето на дисциплинската неуредност, во траење од еден до три месеца.

За дисциплинските престапи  се изрекува:

– парична казна од 30% од едномесечниот износ на нето платата исплатена на државниот службеник во месецот пред извршувањето на дисциплинскиот престап, во траење од еден до шест месеца;
-распоредување на работно место во непосредно пониско звање и
– престанок на вработувањето кога настапиле штетни последици за органот, а притоа не се утврдени олеснителни околности за државниот службеник кој го сторил престапот.

–ПРАВДИКО–

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико