Дисциплинска постапка за административците кои нема да ги почитуваат роковите по барањата на граѓаните
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.причина заради која е поведена иницијатива за изменување и дополнување на Законот за административни службеници e усогласување на одредбите на Законот за административни со новиот Закон за општата управна постапка стои во образложението на предлагачите.
Со членот Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници се пропишува основ за поведување на дисциплинска постапка за службениците доколку не прибавуваат докази и податоци во управна постапка по службена должност, доколку не ги доставуваат бараните докази и податоци по службена должност и доколку не ги решаваат управните предмети и барањата на граѓаните во законски пропишаните рокови.
Имено согласно новиот Закон за општата управна постапка службениците во иднина ќе бидат должни по службена должност да ги прибавуваат сите докази и податоци за кои евиденција води јавен орган, па следствено на тоа за непочитување на оваа законска обврска службениците ќе треба дисциплински да одговараат, доколку поради нивна неодговорност и вина не ги почитувале законските рокови.
Со членот 7 од Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници се оневозможува изрекувањето на мерките за одличен и слаб ефект за 2015 година. Имено Законот за административни службеници во членот 111 во ставовите (1) и (2), покрај другото пропишува дека започнатите постапки за оценување на државните и јавните службеници кои започнале до денот на започнување со примена на Законот за административни службеници треба да бидат завршени согласно законите по кои биле започнати.
Самиот Закон за административни службеници започна да се применува од 13 февруари 2015 година, период во кој е започнат првиот циклус на оценување согласно Законот за државните службеници кој предвидуваше оценување два пати годишно, на секои шест месеци. Имајќи ја во предвид ваквата состојба, како и фактот што самиот циклус на оценување кој го пропишува Законот за административни службеници започнува во декември, затоа што согласно со член 62 став (3) од законот е пропишано дека работните цели и задачи се утврдуваат во декември.
Понатаму целата постапка е пропишана со точно утврдени рокови и тоа 31 мај за интервју, 1 октомври за формирање на комисија, 1 декември за оценување и тн. При тоа за да бидат целосно заштитени службениците согласно 65 став (21) од Законот за административни службеници загарантирано е правото на жалба против постапката за оценување, односно нејзиното непочитување. Со оглед на фактот што законот започна да се применува во февруари, не беше возможно почитување на законските рокови, поради што со измените и дополнувањата се одложува изрекувањето на мерките
Со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници се брише сертификатот Аптис, како доказ за исполнување на условот за познавање странски јазик.
Исто така, се уредува статусот на државните секретари во случај на формирање на преодна Влада за спроведување на парламентарни избори. Имено со членот 43 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, како системско решение е воведено формирање на преодна Влада, 100 дена пред одржување на парламентарни избори, со измените и дополнувањата на Законот за административни службеници исто така системски се уредува статусот на државните секретари, кои во моментот на формирање на преодната Влада го вршат мандатот, на кои во иднина при секое формирање на преодна Влада, мандатот ќе им истече со истекот на мандатот на преодната Влада.
Целосниот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА