Правдико

   

Дисциплински мерки за 13 вработени во МВР

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvr-618x3601Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 13 решенија против 13вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки  2, 3 и 5 и член 207 став 1 точка 1, 4, 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на осумвработени изречена им е мерка  – „парична казна”,на еден вработен мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен мерка – „писмено предупредување“ и на тројца вработени изречена им е мерка„отказ“ а станува збор за:

Полицаец во Единица за ЈРМ и интервенции, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (физички нападнал лице);

Полицаец за ПСОН-Aeродром, СВР-Скопје, изречена му е мерка „отказ“ (бил под дејство на наркотични средства за време на извршување на работните задачи);

Полицаец- водич на службено куче во ПСОН-Велес, СВР-Велес, изречена му е мерка „писмено предупредување“(бил затекнат како седи во приватното возило за време на извршување на работните задачи);

Полицаец за ПСОН-Ѓорче Петров, СВР-Скопје, изречена му е мерка „отказ“ (бил под дејство на наркотични средства за време на извршување на работните задачи);

Самостоен инспектор во Отсек за финансиски криминал и акцизна стока, СВР Скопје, изречена и е мерка „запирање на постапката“ (запирање на постапката поради престанок на работен однос);

Полицаец за патрола и интервенции во Единица за прв одговор и интервенција – АЛФА, СВР Скопје, изречена му е мерка „отказ“ (навремено и писмено не го известил работодавачот за отсуството од работа и неоправдано отсуствувал 3(три) последователни работни дена);

Полицаец за патрола и интервенција во ПО Ростуше, ПС од ОН Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (во разговор со непосреден старешина се однесувал недолично и неодговорно);

Полицаец во ПС од ОН Центар, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (го нарушил јавниот ред и мир со физички напад);

Полицаец во ПС за ГП и ГН Ново Село, РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (на работно место разговарал со мобилен телефон);

Полицаец во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (заспал за време на обезбедување на задржано лице, поради што овозможил на задржаното лице да избега од полициската станица);

Виш инспектор за прифат-сменоводител во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (задржаното лице не го сместил во просторија која била наменета за задржување, а воедно требал да врши и контрола на подреден ПС, а не го сторил тоа);

Дежурен полицаец во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (овозможил на задржаното лице да избега од полициската станица);

Помошник дежурен во ПС од ОН Карпош, СВР Скопје, изречена и е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (овозможил на задржаното лице да избега од полициската станица);

Партнери на Правдико