Правдико

   

ДКСК – Анѓушев и Мицкоски не влијаеле за концесиите за малите хидроцентрали

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната комисија за спречување на корупција ги затвори предметите против вицепремиерот Кочо Анѓушев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за постапките за добивање концесии за изградба на мали хидроцентрали.

ДКСК разгледа две пријави за судир на интереси против вицепремиерот Кочо Анѓушев при избор на концесионери за мали хидроцентрали, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и НВО Фронт 21/42. Од ДКСК информираа дека не се утврдени наводите од пријавите и дека Анѓушев не се нашол во судир на интереси и се изземал од седниците на Влада при одлучувањето.

ДКСК заклучи и дека Мицкоски, како советник на Влада и член на УО на АД ЕЛЕМ, не можел да влијае при доделувањето на концесиите за користење на води за изградба на мали хидроцентрали. Во однос, пак, на изворите на финансирање од страна на концесионерот склучен е долгорочен кредит со деловна банка. А во меѓувреме има и промени во сопственичката структура на Енерготек ДОО, и Мицкоски не е повеќе сопственик.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико