ДКСК ги одби сите приговори на СДСМ | Правдико

Правдико

   

ДКСК ги одби сите приговори на СДСМ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Како неосновани сите приговори на политичката партија СДСМ поднесени до Државната комисија за спречување на корупцијата, за вработување и изградба на објекти за време на избори, членовите на комисијата ги одбија едногласно, во среда на јавна седница.

dksk-sednica-1

Имено, СДСМ имаше поднесено приговори кои се однесуваа на повеќе институции, па така го обвинуваа Министерството за правда дека избира нотари, Македонска пошта дека вработува шалтерски работници, дека вработува актери беше обвинет Театарот за деца и младинци.

Од наведените институции појасниле дека, на пример, Министерството за правда сé уште нема донесено решенија за избор на нотари, од Македонска пошта известиле дека има согласност од Министерство за финансии за вработувањата што ги бара и дека за тоа има обезбедено пари за тековната 2016 година. Исто така, од Театарот за деца и младинци известиле дека двајца актери не се примени на работа затоа што од медиумите дознале дека има приговор за тоа, иако појаснуваат дека има обезбедно финансии во тековната година.

Вработувањата, како што појаснуваат од институциите се итни затоа што се испразниле работните места поради заминување во пензија, поради смрт или престанување на работен однос по барање на работникот.

Исто така, СДСМ имаше поднесе и приговор за поставување камен темелник за изградба на детска градинка во село Зерновци за време на избори против политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, но од ДКСК го одбија приговорот, затоа што од општината ги известиле дека почнати се градежни работи, но камен-темелник не е поставен.

Наталија Белчевска од Валандово имаше поднесено приговор за вработувања во Агенцијата за вработување, и тоа во нејзнината централа и во подрачните единици, за време на избори, но од Агенцијата појасниле дека вработувањата се предвидени со Буџетот за 2016 година, а добиена е согласност и од Министерството за финансии.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико