Правдико

   

До 15 март се очекува над 400.000 граѓани да поднесат Годишна даночна пријава во УЈП

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

УЈП апелира граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15-ти Март 2017) за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), а со цел избегнување на метежи на даночните шалтери.

Имено, заклучно со 13.02.2017 година, 51.616 граѓани ја исполнија својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350 илјади даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/587).

Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира…, односно е со привремен престој во Скопје, даночната пријава може да ја поднесе во Контакт центарот на УЈП, на новата локација во зградата на Регионална дирекција Скопје (ул. „11 Октомври” бр. 27, 1000 Скопје).

Годишната даночна пријава можете да ја поднесете и по пошта (во 1 примерок) на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt).

Доколку сте регистриран корисник на е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk, поднесете ја пријавата електронски.

За подетални информации и одговори на најчесто поставуваните прашања, преземете ја Брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2).

Партнери на Правдико