До денеска пријавени 1725 граѓани од дијаспората за гласање на референдумот | Правдико

Правдико

   

До денеска пријавени 1725 граѓани од дијаспората за гласање на референдумот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заклучно со денеска до 12 часот, преку веб-апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија доставени се вкупно 1725 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, соопшти ДИК.

„Од нив, 1612 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 170, во Љубљана – 137, во Лондон – 103, во Торонто – 98 и Канбера 71.​Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев, Подгорица и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави“, се наведува во соопштението.

Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

„Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден вкупно 3996 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 411, во Струмица – 364, Карпош -300, Радовиш – 217 и во Охрид и Прилеп по 199“ се додава во соопштението.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со четврток, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико