Правдико

   

До граѓани стигале лажни покани од МВР за банкарска истрага

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

До одредени граѓани и правни лица биле упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага за измама во банка.

Од МВР информираат дека зад поканите стои измамник кој лажно се претставувал во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами“, велат од МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Оттука известуваат дека тие не користат електронска пошта за испраќање покани до граѓани во врска со спроведување истраги, туку поканите се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираат до граѓаните воопшто да не ги отворат овие електронски пораки.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико