Правдико

   

До ЈО доставени информациите за доверливите документи пронајдени кај Ременски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за национална безбедност ги доставила до Јавното обвинителство сите информации кои се побарани од нив во врска со случајот со пронајдените доверливи документи кај пратеничката Фросина Ременски, потврди директорот на Агенцијата, Виктор Димовски.

„Во врска со тоа прашање во комуникација сме со надлежните институции во нашата земја. Се она што е побарано, соодветно согласно расположливата документација информирани се надлежните институции“, рече Димовски на новинарско прашање во врска со случајот за случајот со Меѓународниот сојуз, познат како „Рекет 2“ .

Во рамки на истрагата „Рекет“ кај пратеничката Ременски беа пронајдени доверливи документи за кои таа тврдеше дека кријат кривични дела и криминал на македонски агенти од УБК. На трети јануари Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави Обвинителен акт против пет физички лица и едно правно лице за случајот со Меѓународниот сојуз.

Во тој случај, познат во јавноста како „Рекет 2“ осомничени се пратеничката Ременски, Бојан Јовановски-Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски, асистентката во Меѓународниот сојуз Христина Блажевска и потпретседателката на сојузот Јасна Мандиќ. Тие се сомничат за различни дела, а целта според обвинението им била измама на бизнисмени.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико