Добредојде бебе – нов проект на Министерството за здравство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за здравство воведува новина со која на родителите на доброволна основа им се олеснува постапката за вадење извод од матичната книга на родени.
Со оваа новина родителите нема веќе да чекаат на шалтери туку изводот од матична книга ќе го добијат во рок од 48 часа, за време на престојот во породилиштето.
Проектот „Добредојде бебе“ ќе стартува од понеделник, 24 јули, и оваа услуга ќе биде достапна во породилиштата во Скопје, додека од 1 септември услугата ќе биде достапна во сите 18 породилишта во Македонија.
Со овој процес родителите ќе го добијат изводот во рок од 48 часа, но доколку мајката замине од болница порано од предвидените 48 часа, тогаш родителите имаат можност да го подигнат изводот од родилиштето.
„’Добредојде бебе’ е една од првите новини на системот Мој термин, кој постепено ќе се надградува со нови содржини со цел да се олеснат и забрзаат постојните процеси, а со тоа да се олесни комуникацијата меѓу докторите и пациентите. Се надеваме дека со оваа новина ќе им помогнеме на новите родители да уживаат во моментите со новороденчето место да чекаат по шалтери“, соопшти Министерството за здравство.
Извор: Макфакс