Доделени 13 истражители на Катица Јанева | Правдико

Правдико

   

Доделени 13 истражители на Катица Јанева

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

novi-prostorii-Katica-JanevaЈавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуиникациите ја известува јавноста дека од денес сите барани истражители се доделени на ова Јавно обвинителство, така што во овој момент вкупниот број на истражители е 13 стои во соопштението од Специјалното обвинителство.

По однос на Законот за јавнообвинителската служба на ова Јавно обвинителство, од обвинителството известуваат дека не добиле одговор од ниту една од институциите до кои што беше поднесено барање за информации, поради што во моментов се разгледуваат законските можности за натамошно постапување.

Во рамки на законски предвидениот рок доставен е и предметот од Основното јавно обвинителство Куманово, а воедно донесени се одлуки за надлежност за сите предмети кои беа доставени до ова Јавно обвинителство од Основните јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.  Што се однесува до видот на одлуките од обвинителството известуваат дека воспоставена е стварна надлежност над 34 предмети, вклучително и на предметот познат во јавноста како Пуч.

Врз предметите на Основното јавно обвинителство Скопје РО.бр.2362/15 и РО.бр501/15 не е воспоставена стварна надлежност и предметите се вратени на постапување на надлежното основно јавно обвинителство.

Исто така дополнително е утврдено дека од доставените предмети уште два предмети се поврзани со изборни нерегуларности, така што бројот на предмети кои се однесуваат на изборни нерегуларности на кои ова Јавно обвинителство има воспоставено стварна надлежност изнесува 16.

Она што исто така е значајно да Ве известиме е дека во текот на денешниот ден од лидерот на политичката партија СДСМ ќе биде побарано доставување на материјалите од незаконски следените комуникации, а кои ги поседуваат и за кои изразија подготвеност дека ќе ги достават на наше барање.

Во текот на изминатата недела од страна на јавноста беа барани податоци за воспоставување надлежност за други предмети, како предметите познати во јавноста како „Монструм“, „Диво Насеље“, „Ровер“ и слично. За сите овие предмети ќе се произнесеме дополнително, откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа. Секако, во моментот кога ова Јавно обвинителство ќе има конкретни информации за овие предмети и кога овие предмети и формално ќе бидат побарани со цел донесување одлука за стварна надлежност, јавноста благовремено ќе биде известена.

Препорачуваме

Партнери на Правдико