Дојава за експлозивна направа во тетовскиот Суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тетовската полиција изутрината во 8 часот добила информација за наводно поставена експлозивна направа во Основниот суд во Тетово.
Полицијата веднаш го обезбедила местото и по насоки добиени од Обвинителството ги презела потребните мерки, а била повикана и единицата за антитероризам на МВР, за да се изврши проверка во целиот објект и околу него дали и каде има поставено експлозивно средство.
Случајот не бил пријавен на телефон, туку со оставен лист-хартија во објект на улицата „Струшка“ во близина на Судот. Во тек се активности за утврдување кој го пријавил настанот и се друго поврзано со него.
Повеќе информации од полицијата најавуваат за подоцна во текот на денот.
Извор: Макфакс