Докторка од Делчево им издала лажни потврди на четири лица да може да се движат за време на полициски час
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лекарка од Делчево им издала лажни потврди на четири лица за да може да се движат за време на полицискиот час. Против неа е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Пријава е поднесена и против уште едно лице, кое ѝ ги дало имињата на докторката.
„С. K. (48) од Делчево, вработена како лекар во здравствена установа од Делчево, постапила спротивно на одлуките на Владата и изготвила медицинска потврда, во која навела дека лицето В. З. од село Панчарево дошло во нејзината ординација на лекарски преглед во придружба на четири лица, иако знаела дека тие не биле во придружба на пациентот“, соопшти МВР.
Од таму информираат дека со потврдата лицата се движеле во времето на полицискиот час постапувајќи спротивно на одлуката на Владата дека во време на забрана за движење, придружба на лице за давање итна медицинска помош може да вршат најмногу две лица.
Второпријавениот С. З. (50) од село Панчарево, Пехчевско, телефонски на докторката ѝ ги именувал четирите лица што таа требало да ги наведе во потврдата за да им послужи за патување во време на забраната за движење, со што со умисла ја поттикнал лекарката да го стори кривичното дело, иако знаел дека лицата наведени во медицинската потврда не биле во придружба на пациентот.
Извор: Макфакс