ДОМ: По едногодишна „собраниска борба“, усвоен е Законот за минерални суровини | Правдико

Правдико

   

ДОМ: По едногодишна „собраниска борба“, усвоен е Законот за минерални суровини

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Собранието денеска конечно по едногодишна „собраниска битка“ беше усвоен Законот за минерални суровини, соопштија од ДОМ. Предлагачи на Законот, покрај пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, беа и Мери Лазарова, Кети Смилевска, Диме Велковски и Сашо Атанасов од СДСМ, Горан Милевски од ЛДП, како и независните пратеници – Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, Павле Богоевски и Ферид Мухиќ.

„Во целиот овој процес постоеше соработка и недвосмислена поддршка за Законот од СДСМ и коалицијата, од над 40 граѓански еколошки организации и иницијативи, како и од европските ‘зелени’. По затворањето на рудникот Казандол, ова е уште еден заеднички успех на екологистите во борбата за здрав живот во чиста животна средина и за развој на зелената економија“, велат од ДОМ.

Од таму појаснуваат дека со законот се забранува употреба на цијаниди и сулфурна киселина при флотација или лужење во нови рудници од отворен коп.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико