Донесен правилник за изменување и дополнување на правилникот за спроведување на законот за акцизите | Правдико

Правдико

   

Донесен правилник за изменување и дополнување на правилникот за спроведување на законот за акцизите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

carinaВрз основа на член 58 од Законот за акцизите („Службен весник на РМ“ број 32/01 … 167/2014), министерот за финансии донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на законот за акцизите. Овој правилник е објавен во Службен Весник на Република Македонија бр. 172 од 21.11.2014 година и истиот ќе стапи на сила на ден 22.11.2014 година.

Најважни измени кои се извршени со овој Правилник се следниве:

– Се пропишува утврдување на енергетската вредност на нафтен кокс за што ќе се користи потврда за квалитет издаден од институција која врши анализа согласно меѓународно признати стандарди, во кој е искажана бруто калоричната вредност на нафтениот кокс;

– Се намалува количинскиот услов за акцизен склад за пиво на најмалку 1.000.000 литри пиво во текот на една календарска година;

– Се пропишува начинот на евиденција на трговците на мало со обележани минерални масла на купувачите по даночен број за правните лица и единствен матичен број на граѓанинот и адреса на живеење за физичките лица кои купуваат количини над 20 литри по претходна согласност од физичкото лице имател на информациите;

– Се овозможува, по исклучок, а на барање на имателот на акцизна дозвола или увозникот, во случаите кога се користат нестандардни пакувања, еклсклузивни серии, ограничени серии, ограничени количини наменети за промотивни цели и слично, Царинската управа може да одобри издавање на контролни марки во број помал од 600 парчиња.

Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на законот за акцизите можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико