Донесена пресуда за случајот „Керозин“, 16 обвинети заработија над 90 години затвор | Правдико

Правдико

   

Донесена пресуда за случајот „Керозин“, 16 обвинети заработија над 90 години затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Над 90 години вкупно за сите 16 обвинети во случајот „Керозин“ пресуди скопскиот Основен суд.

Bojan_kerozin_05_08_201385161426

Осудени се дека како група преку неготинската фирма „Алма комерц“ точеле помало количество нафта отколку предвиденото со тендерите кои оваа фирма ги добивала.

Според обвинението, на овој начин фирмата успеала да заштеди три илјади тони гориво а со тоа да го оштети буџетот за речиси два и пол милиони евра.

Се калкулира со бројка од 160 оштетени јавни институции меѓу кои Владата, Царинската управа, УЈП, министерства, општини, здравствени установи и градинки.

Како организатори на групата се наведуваат семејството Пецови – сопствениците на „Алма комерц“.

Со обвинението се опфатени и сопственици на фирми со кои соработувале, потоа возачи на цистерни, но и вработени во оштетените институции.

Првообвинетиот Ангел Пецов доби 12 години затвор, неговата сопруга 11 години, а нивниот син 9 години затворска казна.

За одбраната казните се драконски.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико