Донесена пресуда за сообраќајната несреќа во која минатата година животот го загуби 19-годишната Фросина | Правдико

Правдико

   

Донесена пресуда за сообраќајната несреќа во која минатата година животот го загуби 19-годишната Фросина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска, Основниот суд Скопје-1 ја донесе пресудата за сообраќајната несреќа што се случи минатата година на 3-ти Април на булеварот Партизански Одреди, во која животот го загуби 19-годишната Фросина Цековска.

Соопштението од страна на судот Ви го пренесуваме во целост:

osnoven-sud-skopje-1

Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со К.бр 3666/15 поврзана со сообраќајната несреќа која се случи на 03.04.2015 година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која едно лице го загуби животот.

Ценејќи ги сите материјални и вербални докази кои беа изведени во текот на постапката, вештиот наод и мислење како и олеснителните и отежителните околности, обвинетиот Љ.В. го огласи за виновен за кривичните дека Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 ст. 2 вв член 297 ст 1 од КЗ и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 ст 1 од КЗ, и го осуди на единствена казна затвор во траење од 6 години и 6 месеци затвор.

Воедно судот му изрече и Забрана за управување на моторно возило во траење од една година по правосилност на пресудата, при што времето минато при издржување на казната затвор нема да биде засметано.

Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Препорачуваме

Партнери на Правдико