Донесени измените на Изборниот законик | Правдико

Правдико

   

Донесени измените на Изборниот законик

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobraniemkСобранието денеска во рамки на 82-та седница ja почна расправата по измените и дополнувањата на Изборниот законик кои се донесени со консензус од сите политички партии и на власт и во опозиција. Во преговорите со свои предлози не учествуваше само ДПА.

Министерот за права Блерим Беџети образложувјаќи го предлогот рече дека тој е важен како од аспект на зачленувањето на земјата во ЕУ и за трансперентност на изборниот процес.

„Со овие активности кои се преземаа во Министерството за правда, работната група и политичките партии освен исполнетите препораки од ОБСЕ/ОДИХР имаме и квалитетно решение кое ги исполнува стандардите на ЕУ да бидат изборите фер, демократски и транспарентни“, рече Беџети.

Според него, решението нуди коректност за политичките партии, како за оние кои се на власт, така и за оние кои се во опозиција.

„Со ова законско решение се исполнуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а согласноста на политичките субјекти во Република Македонија ќе создаде уште посилни предуслови за транспарентен изборен процес. Ќе се унапредиме во оваа област, што е многу важно како за нас, така и за нашата евроинтеграција“, истакна Беџети.

Извор: Netpress

Препорачуваме

Партнери на Правдико