Донесени измените на Законот за минимална плата | Правдико

Правдико

   

Донесени измените на Законот за минимална плата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobraniemkПратениците вчера (06.02) во рамките на денешната работа по дневниот ред на 84. собраниска седница едногласно со 61 глас „за“ го донесоа Законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија, по скратена постапка.

Со измените на Законот, како што информира министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, се предвидува од март годинава минималната плата да се зголеми од сегашните 8.050 денари на 8.800, во март 2015 година на 9.590 денари, а во март 2016 година на 10.080 денари.

– Ова го договоривме по долги и тешки преговори со социјалните партнери, односно со репрезентативните синдикати и Организацијата на работодавачи. Во рамките на еконосмко-социјалниот совет договорени се и конкретните термини за зголемување на минималната плата, рече Спасов.

Тој нагласи дека за индустријата за производство на текститл, облека, кожа и кожни производи се предвидува подолгорочно воведување на законот.

– Од март годинава минималната плата во одвие трудоинтензивни дејности ќе изнесува 7.500 денари, во март 2015 година 8.050, во март 2016-та 9.000, во март 2017 година 9.500 денари за во март 2018 година да достигне до 10.080 денари, посочи Спасов.

Прецизира дека вкупното зголемување на минималната плата ќе биде за 25,2 проценти со што ќе изнесува 48 проценти од просечната плата.  Во март годинава ќе се зголеми за 9,3 проценти, во март 2015-та за 8,98 проценти и во март 2016 година за дополнителни 5 проценти со што од моменталните 39,6 проценти од просечната плата ќе достигне до 48 проценти. Кај трудоинтензивните дејности до 2018 година минималната плата ќе се зголеми за 47 проценти.

Марјанчо Николов од СДСМ нагласи дека неговата партија ќе го поддржи предлогот за измена на Законот, но забелешка имаше што за вработените во текстилната и кожарската индустрија повторно се предвидува минималната плата да важи по три години од донесувањето на законот.

– Ние и во 2012 година кога беше донесен Законот и сега ви предлагаме државата да се откаже од дел од придонесите за вработените во текстилната и кожарската индустрија за да може и тие да ја примаат минималната плата како и сите вработени, а не да треба да ја чекаат 2018 година, истакна Николов.

Во реплика Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека е лесно да се каже дека нешто треба да се направи и како да се направи, но оти е тешко да се спроведе во пракса, бидејќи за тоа се неопходни пари.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико