Правдико

   

Донесени решенија за санкционирање на 22 полициски службеници

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvr-618x3601Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 22 решенија против 22 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2 , 3 ,4, 7, 10 и 14 и член 207 став 1 и  точки 8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 18 вработени им е изречена мерка “парична казна“ на еден вработен мерка  – „писмено предупредување” и тројца вработени мерка-“запирање на постапката“, а се работи за:

А.М.  полицаец  за БПС ПО за БПС Гостивар изречена му е мерка “парична казна” (во текот на работното време бил затекнат како излегува од приватно возило и не постапувал согласно задачите предвидени во наредбата за вршење на служба).

Н.Ч. полицаец  за БПС Одделение за БПС изречена му е мерка „писмено предупредување” (на работно место дошол неуреден).

У.Ј. полицаец во ПО Попова Шапка, ПС од ОН Тетово изречена му е мерка “парична казна” (недолично се однесувал за време на обезбедување на фудбалски натпревар).

С.М. полицаец за обезбедување на објекти-Битола ПО за НФОО Битола изречена му е мерка -“запирање на постапката“ (нема повреда).

Г.Ф. полицаец ПС од ОН Струмица изречена му е мерка “парична казна” (не превзел мерки против лица, кои во неговиот двор внеле бесправно сечени дрва).

Б.А. полицаец ПС за ГН и ГП Богородица изречена му е мерка “парична казна” (не го набљудувал просторот на кој се случувале кривични дела и не вршел обиколка на ТМВ со кое било извршено кривично дело).

Д.Б. полицаец ПС за ГН и ГП Богородица изречена му е мерка “парична казна” (не го набљудувал просторот на кој се случувале кривични дела и не вршел обиколка на ТМВ со кое било извршено кривично дело).

Г.Ј. полицаец ПС од ОН Аеродром изречена му е мерка -“запирање на постапката“ (нема повреда).

Ф.Р. виш инспектор за илегална миграција и прекуграничен криминал изречена му е мерка “парична казна” (патувал во Р.Албанија без согласност од непосреден старешина).

Д.Ч. полицаец ПС од ОН Велес изречена му е мерка -“запирање на постапката“ (нема повреда).

С.Д. СВР Штип изречена му е мерка “парична казна” (како член на Комисија, дозволил да застари рокот за донесување на решение).

К.Т. СВР Штип изречена му е мерка “парична казна” (како член на Комисија, дозволил да застари рокот за донесување на решение).

М.К. полицаец за БПС во ПО за БПС Радовиш изречена му е мерка “парична казна” (употребил огнено оружје).

Б.Н. полицаец ПС за ГН и ГП Богородица изречена му е мерка “парична казна” (носел девизни парични средства за време на работа).

М.К. полицаец за БПС во ПО за БПС Крива Паланка изречена му е мерка “парична казна” (дрско и недолично се однесувал).

З.Ѓ. полицаец за превенција по сообраќајни работи изречена му е мерка “парична казна” (отсуствувал од работа).

З.Д. виш инспектор за прифат – Сменоводител во ПС ОН Драчево изречена му е мерка “парична казна” (пропуштил обука).

Ш.И. полицаец во ПС за ГП и ГН Белановце изречена му е мерка “парична казна” (не постапувал совесно со средствата за работа).

Н.К. полицаец во ПС ОН Струга изречена му е мерка “парична казна” (не носел капа).

Д.И. полицаец во ПС ОН Прилеп изречена му е мерка “парична казна” (непристојно се однесувал).

С.К. полицаец во ПС ОН Прилеп изречена му е мерка “парична казна” (го напуштил работното место и спиел за време на работа).

М.Ѓ. самостоен Криминалистички техничар за увид на место на настан во Отсек за криминалистичко технички увиди и прелиминарни анализи изречена му е мерка “парична казна” (материјалот не бил соодветно спакуван).

Извор: МВР

Партнери на Правдико