Предложено е донесување на Закон за зеленило | Правдико

Правдико

   

Предложено е донесување на Закон за зеленило

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

urban_treesСо Законот за комунални дејности со кој се уредуваат основните услови и начинот на вршење на комуналните дејности, финансирањето на комуналните дејности, финансирањето на изградбата и одржувањето на објектите на комуналната инфраструктура и други прашања од значење за комуналните дејности, како вид на комунална дејност е утврдено и одржување, чистење и користење на паркови, зоолошки градини, зеленило, парк шуми и рекреативни површини, под што се подразбира изградба, одржување и користење на зелени површини, садење на ниска и висока вегетација, косење на трева, како и сечење на дрва и гранки.

Согласно наведениот закон условите и начинот на вршење на комуналните дејности се пропишуваат со Законот за комунални дејности и со посебни закони со кои се пропишуваат условите и начинот на вршење на одделни комунални дејности. Имајќи во предвид дека комуналната дејност-изградба, одржувањето и користење на зелени површини, садење на ниска и висока вегетација, косење на трева, како и сечење на дрва и гранки не е уредена со посебен закон потребно е истата да се уреди со посебен закон.

Цел на овој закон е унапредување на просторот со зеленило, преку планско и одржливо подигање и одржување на зеленилото, заради зачувување на квалитетот и разновидноста на зеленилото, подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.

Целиот текст на Предлог законот можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико