Дополнителни 40.000 ,,сини шлемови" во мисиите на ОН | Правдико

Правдико

   

Дополнителни 40.000 ,,сини шлемови” во мисиите на ОН

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

F6C62FA5D963FB49B67CCE4EF4A9EFE8Околу 50 земји во седиштето на ОН во Њујорк, се договорија дека ќе испратат дополнителни 40.000 “сини шлемови” на мировните мисии на ОН во светот, јави агенцијата Франс Прес.

На маргините на Генералното собрание на ОН, претседателот на САД Барак Обама свика самит посветен на јакнење на 16 мировни мисии низ целиот свет, во кои служат 125.000 војници, полицајци и цивили од 124 земји.

– Таа мрежа не може доволно да се справи со се поголемиот број конфликти во Африка – изјави Обама, обраќајќи се на собирот, додавајќи дека се собраа за да се зајакнат и реформаат мировните сили поради тоа што колективна безбедност зависи од нив.

САД досега најповеќе финансиски придонесе за мировни сили на ОН, за кои издвои 28 проценти од годишниот буџет во висина од 8,3 милијарди долари, но не сакаат да се испрати дополнителен персонал во мисијата.

Обама вчера најави дека ќе го удвои бројот на американски офицери на “сините шлемови”, каде што во моментов има 78.

Кина најави дека ќе испрати 8.000 војници во мисијата, Колумбија 5000, додека Велика Британија ќе испрати неколку стотици припадници на армијата во Јужен Судан и Сомалија.

Целта на самитот е да го зајакне секторот, но и да го споделат товарот рамномерно меѓу земјите особено во Европа, и земјите во развој.

Препорачуваме

Партнери на Правдико