Правдико

   

Јавно обвинителство: Досега на Економскиот факултет документиран поткуп од вкупно 2. 800 евра, немало упад на УКИМ

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предистражната постапка за коруптивните дејствија на Економскиот факултет траела две години, но критичниот ден кога полицијата ја спроведе акцијата е откако Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое го води случајот, добило сигурна дојава дека ќе се случи примопредавање на поткуп.

Obvinitelstvo Skopje

Ова денеска на прес конференција го потврди обвинителката Лидија Раичевиќ, која го води случајот.

„Најпрво сакам да истакнам дека полициската акција на универзитетскиот кампус во никој случај не претставува нарушување на автономијата на Универзитетот.

Законот за високо образование прецизно наведува дека е неповредлив просторот на Универзитетот, но од оваа одредба има отстапка која се однесува на тоа дека полицијата може да влезе на Универзитетот ако има сериозни сомневања дека таму се вршат кривични дела или дека во тек е извршување на кривично дело или какво било друго противзаконито дејствување“, истакна Раичевиќ и потенцира дека и таа смета оти автономијата не значи и автономија за извршување на кривични дела.

Групата од осум лица: шест професори, еден демонстратор и сопственикот на бифето делувала организирано и била следена со посебни истражни мерки во текот на 2015 и 2016 година.

Коруптивните дела за кои постоело сомневање дека се одвиваат на Економскиот факултет се сложени дела кои се одвиваат тајно поради што Обвинителството спровело посебни истражни мерки, но, како што потенцираше Раичевиќ, покрај Посебни истражни мерки, постојат и голем број други докази.

Целата операција била изведена за половина час со наредба издадена од јавниот обвинител.

„Професорот Б. Ш. беше фатен шест минути по примањето на поткупот од 1 000 евра, кои беа обележани, а беа пронајдени во неговиот автомобил“, рече Раичевиќ.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико