Дошле со мотоцикл и ограбиле човек што претходно подигнал пари од банка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Непознати лица што дошле со мотоцикл зад експозитура на банка на булеварот Јане Сандански во Скопје, денеска, од 38-годишен човек одзеле околу 2.400.000 денари.
Како што информираат од МВР, разбојниците со пиштол му се заканиле на Д.К. и му ги одзеле парите што тој претходно ги подигнал од банката. Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: Макфакс