Доследна примена и познавање на правата на жената – предуслов за елиминација на дискриминацијата на работното место
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Денес водечка идеја преку која се настојува да се елиминира дискриминацијата во сите полиња, вклучувајќи ја и дискриминицијата според припадноста на полот, претставува идејата за еднакви шанси за сите, т.е. еднакви можности за мажите и за жените. Тоа значи еднаков пристап на мажите и на жените кон сите образовни институции на сите нивоа, еднакви шанси да се стекнат со која било професија или со кое било занимање, еднаков пристап спрема политиката и сл. Им се препорачува на владите да вршат афирмација на овие приципи кои главно почиваат врз конвенциите за правата и слободите на граѓаните. Значи, борбата против дискриминацијата главно се одвива на полето на легислативата и од формален карактер.
Меѓутоа, оваа еднаквост пред законите не дава сигурна гаранција дека тие права ќе бидат почитувани и реализирани. Меѓународните институции, меѓу кои посебно институциите на Европската Унија, вршат притисок врз владите да ги преточат во закони многуте конвенции, стратегии и препораки. На некои полиња, особено во земјите членки на Унијата, постигнати се значајни придобивки. На пример, за да се оствари принципот на еднакви можности за вработување за жените, неопходно е да постои закон со кој ќе им се гарантира правото за мајчинско отсуство, т.е. родителско отсуство.
Но, и тоа не доволно ако не постојат и други институционални предуслови со кои ќе се ускладат семејните и професионалните улоги (поволни детски градинки, флексибилно работно време). За какви можности ќе зборуваме ако жената нема кому да му го довери своето дете, ако детските градинки чинат половина од нејзината плата и не работат попладне. Во секој случај, не може да се остане само на планот на идејата за формалните права, иако тие се многу значајни.
Aвтор: М-р Лилјана Јоноски
Прочитај ја целата статија ТУКА