Доставата за декемвриските и јануарските сметки за РТД ќе се врши во месец февруари | Правдико

Правдико

   

Доставата за декемвриските и јануарските сметки за РТД ќе се врши во месец февруари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujpСе информираат обврзниците на радиодифузна такса дека поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со ЈП МРТ, доставата на декемвриските и јануарските Решенија за радиодифузна такса ќе се врши во месец Февруари, односно е веќе отпочната.

Плаќањето на Радиодифузната такса за овие две Решенија (Декември и Јануари), граѓаните и фирмите потребно е да го извршат во најкраток можен рок од приемот на решенијата.

Користете електронски сервиси за проверка и плаќање на Радиодифузна такса!
Користете ја услугата е- РДТ https://etax.ujp.gov.mk за да вршите преглед и плаќање на Радиодифузната такса. Плаќањето на РДТ преку интернет се врши со безготовинска картичка издадена од домашна банка (Visa, Maestro и MasterCard).
Регистрацијата за користење на оваа е-услуга е бесплатна за граѓаните. Единствено што ви е потребно е е-пошта и да креирате ваш кориснички профил на https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp

За повеќе информации преземете го флаерот „е-Радиодифузна такса“ (видиhttp://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/59).

Препорачуваме

Партнери на Правдико