Доставување на геодетски елаборати до 15 септември 2015 година – Изготвени предлог измените
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти се врши допрецизирање на постапката за утврдување на правен статус на линиски инфраструктурни објекти, се продолжува рокот за доставување на геодетски елаборати за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект до 15 септември 2015 година како и рокот за поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправни доградби на објекти со намена домување во станбени згради-тераси и тераси пренаменети во станбен простор.
Предлогот на законот се заснова на истите начела врз основа на кои е донесен Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Предложената измена ќе овозможи доволен период за изработка и доставување на геодетски елаборати за утврдување на фактичка состојба на бесправни објект како и можност за поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправни доградби на објекти со намена домување во станбени згради-тераси и тераси пренаменети во станбен простор.
Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА