Досуден доживотен затвор за убиството кај ПМФ во 2008 година | Правдико

Правдико

   

Досуден доживотен затвор за убиството кај ПМФ во 2008 година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sud-osskopje1Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска 10.02.2016 година, ја објави пресудата за предметот со К.бр 2764/15 со која А.Д., обвинет за кривичното дело Убиство од член 123, ст. 1,2,3, од КЗ, за настанот кој на 26.11.2008 година се случи кај Природно математичкиот факултет во Скопје, го огласи за виновен.

Ценејќи ги олеснителните и отежителните околности, надлежниот судечки совет му одреди казна доживотен затвор и го прифати предлогот на Јавниот обвинител за продолжување на мерката притвор до правосилност на пресудата или започнување со издржување на казната.

Обвинетиот во 2010 година беше осуден во отсуство на доживотен затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи и ранувањето на двајца негови колеги на паркингот кај ПМФ. Тој се сомничи и за грабежот на 200.000 евра од возило на Kомерцијална банка во ноември 2007 година кај Скопско сајмиште. Тогаш беше убиен обезбедувачот Марјан Бабиќ, а уште двајца вработени во банката беа ранети.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико