Правдико

   

Довербата во Украина не е безгранична

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Посетата на украинскиот премиер Арсениј Јацењук на Берлин падна во сенка на тешките обвинувања на Советот на Европа за настаните во Киев. Тој вети расветлување, што уште одамна требаше да се случи, смета Бернд Јохан.

0,,18357131_303,00

Кој е одговорен за убиените во Киев? Од крвопролевањето на плоштадот Мајдан помина повеќе од една година. Во ескалацијата на насилството во украинскиот главен град беа убиени над 100 луѓе. Досега убиствата не се разјаснети. Извештајот на експертска група од Советот на Европа сега со право остро критикува: властите во Украина правно ја блокирале истрагата, разјаснувањето било спречено. Очигледно, и затоа што припадниците на безбедносните сили, кои учествуваа во насилството во Киев, беа потребни за војната во источниот дел од земјата и затоа требаше да бидат сокриени.

Украина мора да ги спроведе европските вредности

Оваа поразителна оценка ја засени посетата на украинскиот премиер Арсениј Јацењук во Берлин. Украинскиот премиер вети расветлување. Но, неговите министри за таа цел имаа време со месеци. Никакво чудо што Киев сега е мета на критики. Во разјаснувањето на злосторствата на Мајдан не се работи само за правда за жртвите и казнување на извршителите. Во прашање е и тоа дали Украина може да ги спроведе европските вредности на правна држава.

Тоа не е нималку лесна задача за една земја која се наоѓа во војна и која во корен мора да го реформира со години присутниот корумпиран државен систем. Европа и натаму е подготвена да и‘ помогне на Украина. Германската канцеларка Ангела Меркел при посетата на Јацењук вети натамошна поддршка, првенствено од економски и финансиски аспект. Зашто, таа знае дека земјата се‘ уште е нестабилна поради војната. Но, од причина и што се‘ уште не е скршена власта на старите клики и на олигарсите.

Нема стабилизација без прекин на огнот

Кон тоа се надоврзува тоа што Русија не само што и‘ го одзеде Крим на Украина, туку истовремено ја принуди на војна која одзеде илјадници човечки животи и уништи еден дел од земјата. Обновата може да успее само со енормни сили. Предуслов за тоа меѓутоа е да се одржи молкот на оружјето договорен во Минск.

Украинскиот премиер во Берлин изрази скепса во поглед на шансите на овој договор. Грижите ги споделува и Германија. Зашто, руските тенкови и ракети се‘ уште се во Украина. И натаму се заканува напад на бунтовниците, поддржани од Русија, врз украинскиот пристанишен град Мариупол. Примирјето постојано е прекршувано.

И Москва го спречува разјаснувањето на убиствата на Мајдан

Анексијата на Крим и војната во Донбас беше одговорот на Кремљ на желбата на Украинците за подобар живот. Стотици илјади Украинци во тоа име мирно протестираа. Но, на крајот загинаа луѓе, најголем дел убиени од куршумите на снајперисти кои од зад грб пукаа во масите луѓе.

Ова злосторство мора да се разјасни. Многумина одговорни – екс-претседателот Виктор Јанукович и неговиот министер за внатрешни работи побегнаа во Русија, исто како и припадниците на специјалните единици, кои тогаш со сила се справуваа со демонстрантите. Исправно е што Јацењук ја критикува улогата на Русија. Таму побегнаа важни сведоци и можеби и злосторници. И Москва така до денес спречува расветлување на злосторството. Но, и Киев мора да даде свој придонес. Инаку, ќе ја прокоцка довербата на своите партнери од Западот.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико