Дождот како дополнителен шарм на традиционалниот КРОШУ ден за вработените во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола е фабрика која е лоцирана во индустриската зона „Жабени“ во близина на Битола. Главната дејност на оваа компанија е производство на кабелски снопови за автомобилските гиганти како BMW, Mercedes, Audi и многу други производители од овој ранг. Бројот на вработени моментално изнесува повеќе од 2700 со тенденција истиот да се зголеми поради новите проекти со што се докажува и успешноста на оваа компанија.
Како и претходните две години, така и годинава на 8-ми Септември, датум избран во чест на Денот на независноста на Република Македонија, се одржа КРОШУ Денот кој веќе прерасна во традиција за вработените во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола. Овој ден е познат како настан на кој вработените можат да се сретнат во една поинаква атмосфера, да поразговараат за теми надвор од работата и едноставно да уживаат во позитивната енергија придружена со скара, пиво, музичка програма, игри, наградувања и да ја почуствуваат таа љубов на едно големо семејство.
Бидејќи креативноста е главниот „адут“ на вработените во Кромберг & Шуберт, очекувано беше оваа забава да биде најдобра досега. Присутните со својата позитивна енергија придонесоа за успешноста на настанот како што секојдневно придонесуваат и ја градат успешната приказна на КШМК.
Забавата беше најавена преку видео информаторите низ фабриката со краток видео клип во кој главна улога имаа вработените од сите националности кои секој на својот јазик ја пренесоа пораката „КРОШУ те сака“. Во позадина на видео клипот се слушаше песната која беше напишана, компонирана и снимена од страна на еден вработен кој претходно бил дел од музичка група и со големо задовлство ја сними песната која на сите има остана во сеќавање и си ја потпевнуваа „8-ми Септември е најсреќен ден, тогаш е мојот КРОШУ Ден…“
„Во нашата компанија сите вработени се третираат еднакво. Нема простор за дискриминација или предрасуди. Исто како што сите членови на едно семејство се сакаат подеднакво, така и во нашата компанија љубовта се распространува помеѓу сите вработени и така и ќе продолжиме и понатаму. Ние не сме „класичен“ работодавач каде само доаѓате на работа и по 8 часа си заминувате. Кај нас може да се почувствува таа љубов и припадност на секој во ова огромно семејство“ – беа дел од зборовите на менаџерскиот тим.
За забавниот дел годинава беа задолжени локалната група „Деспина“ кои го доловија етно духот во чија тематика и беше претставен КРОШУ Денот, а за сѐ да биде на ниво, се придружи и прекрасната поп ѕвезда Гоца Тржан. Чадот и меурчињата кои беа пуштени меѓу луѓето ја доловија големата слика и придонесоа целата забава да изгледа како бајка.
Како сѐ да беше малку, па и „битолската сограѓанка“ после своите авантури се појави на КРОШУ Денот. „Битолското чупе“ од БиМилк беше дел и учествуваше во сите точки кои беа предвидени со агендата за забавата и награди неколку вработени, додека нејзините колешки се погрижија за мезето со сирење и кашкавал од БиМилк кои беа поставени на штандот за сите вработени.
Дождот не престана во ниеден момент, но сето тоа беше дополнителна инспирација за дел од коментарите на вработените испишани во книгата за впечатоци да бидат: „Family factory“, „Одлично – за многу години. Да живее Кромберг & Шуберт и сите ние заедно со него!“, „Среќна сум што сум дел од големото КРОШУ семејство“, „All people are created equal but only the best work in KROSCHU“, „Супер забава, да Ви е алал“, „KSMK you rock, we love you“ и многу други.
Им се заблагодаруваме на сите присутни, на сите наши членови на огромното КРОШУ семејство како и на нашите соработници МАРИО МАТЕО ДООЕЛ Битола, МИГ ТРАВЕЛ 2005 ДООЕЛ Битола, ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ СКОПЈЕ подружница Битола и ПЗУ-Битолска Амбуланта кои со својата позитивна енергија го направија КРОШУ Денот да биде тоа што е. Си земаме за задача да го направиме наредниот КРОШУ Ден уште подобар и да не ја изневериме Вашата доверба. Нашите луѓе се нашата најсилна страна и сите заедно сме КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола.
ГАЛЕРИЈА