Доживотен затвор за убиство на двајца братучеди
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.30 годишниот Шабан Авдија од тетовско Мерово за убиство на неговите двајца братучеди Блерим (25) и Бесник (24) кое се случи на 7 мај 2015 година од петчлениот судски совет при Основниот суд во Тетово доби казна доживотен затвор
Во пресудата се опфатени и останатите учесници во пресметката на две групи блиски роднини кои со употреба на физичка сила, метални шипки и оружје расчистуваа имотни недоразбирања во месноста Јабланица близу Мерово.
Покрја Шабан, осудени за убиство во обид се неговите браќа Самир кој доби 7 години и Фаик 5 години. Тие се осудени за претепувањето на Меди, татко на убиените Блерим и Бесник. Братот Фесал за неовластено поседуавње оружје доби 3 години затвори.
Од друга страна, татакото на убиените браќа, Меди доби една година и шест месеци затвор за кривичното дело нанесување на тешка телесна повреда врз Фесал.
Адвокатот на Меди, Емил Недков, изрази незадоволство од пресудата и најави жалба.
– Мојот штитеник е осуден дека нанел тешка телесна повреда. Тој наводно некој од напаѓачите му нанел тешка телесна повреда со пукање од неговата ловна пушка, калибар 12 која ја поседсува со дозвола. а едниот од ранетите е докажано дека е ранет со калибар 16. Значи има пресуда која не соодеветствува со доказната постапка, изјави Недков.
Адвокатот на осудените браќа, како и обвинителот соопштија дека првин ќе ја прегледааат пресудата па ќе одлучуваат дали ќе покренат жалбена постапка.
Извор: Нова Македонија