Мјанмар: Доживотен затвор за 153 кинески државјани поради нелегална сеча | Правдико

Правдико

   

Мјанмар: Доживотен затвор за 153 кинески државјани поради нелегална сеча

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

MjanamarСудот во Мјанмар осуди 153 кинески државјани на доживотен затвор поради нелегална сеча, а Кина за тоа поднесе дипломатски протест пред властите на Мјанмар.

Регионот долж порозната граница помеѓу двете земји веќе долго време е место за средба за нелегална трговија со суровини. Се верува дека  големи количини на Мјанмарски жад илегално се шверцува во Кина.

Судот во Миткин во северен Мјанмар осуди 153 кинески државјани на доживотен затвор, а двајца беа осудени на десет години затвор. Сите осудени имаат право на жалба, јави Ројтерс.

Кинеското Министерство за надворешни работи изрази “сериозна загриженост” поради одлуката на судот и поднесе протестна нота до Мјанмар.

“Кина на многу нивоа и преку многу канали,го изнесе својот став, во врска со овој случај”, се вели во соопштението.

Исто така се додава дека Пекинг бара од Мјанмар да се однесува кон случајот “законито, одговорно и праведно”.

Осудените беа уапсени во јануари во големата акција на Мјанмарските власти против нелегалната сеча на дрва, а од јануари до денес запленети се 10.000 тони нелегално исечени дрва.

Препорачуваме

Партнери на Правдико