Правдико

   

Доживотен затвор за обвинетите во Монструм, еден ослободен

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

monstrum2Кривичниот суд денеска на шестмина обвинети во случајот „Монструм“ им изрече доживотна казна затвор за тероризам, а еден од обвинетите Сејди Рами доби ослободителна пресуда. Доживотна казна затвор е изречена на  Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, како на директни извршители на петкратното убиство кај Смилковското Езеро, а за тероризам и како и директните извршители доживотен затвор им е изречен и на Фејзи Азири, Хаки Азири Сами Љута. 

Рами е пуштен на слобода поради немањето цврсти докази. Двајца од обвинетите пресудата ја добија во отсуство бидејќи се чека нивна екстрадација од Косово, каде издржуваат затворска казна за нелегално поседување на оружје.

Тие беа обвинети за убиството на пет лица кај Смилковското езеро пред две години на Велики Четврток.

Партнери на Правдико