Доживотен затвор за офицери поради обид за државен удар во Турција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот во Турција осуди десетици луѓе на доживотен затвор во едно од најобемните судења поврзани со обидот за државен удар во 2016 година.
Меѓу речиси 500 обвинети има воени пилоти и офицери, обвинети за обид за соборување на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Тие наводно раководеле со планот за државен удар од воената воздушна база „Акинџи“ во близина на Анкара.
Ердоган рече дека креаторот на овој план е Фејтула Ѓулен, муслимански верски водач кој се наоѓа во Америка.
Ѓулен негира вмешаност во обидот за пуч.
Извор: Макфакс