Правдико

   

Доживотен затвор за тројца Бугари поради смртта на 71 мигрант

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Унгарија на доживотен затвор осуди четворица шверцери на луѓе, поради смртта на 71 мигрант чии тела биле пронајдени натрупани во камион оставен на австриски автопат во август 2015 година, пренесе „Ројтерс“.

Во пресудата на судијата Ерик Мезолаки стои дека за тројца шверцери нема да има можност за предвремено пуштање на слобода, а четвртиот ќе треба да отслужи најмалку 30 години затвор.

Лидерот на шверцерската дружина со потекло од Авганистан и тројца бугарски државјани се обвинети за убиство без предумисла, бидејќи одбиле да го запрат камионот и да ги отворат вратите за да дојде воздух до мигрантите, иако тие ги предупредиле дека почнуваат да се гушат.

Во текот на судењето се дозна дека додека се возеле, мигрантите во еден момент сфатиле дека ќе се задушат и почнале да удираат на вратата викајќи му на возачот да го запре возилото.

Смртта на 59 мажи, осум жени и четири деца од Сирија, Ирак и Авганистан, што се случи за време на мигрантската криза ја згрози Европа.

Трагичниот настан беше најлошиот од ваков вид на балканската рута, по која се движеа стотици илјади луѓе од Блискиот Исток, Африка и Азија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико