Доживотен затвор за убиецот од Грац | Правдико

Правдико

   

Доживотен затвор за убиецот од Грац

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Психички заболениот маж, кој уби три лица и рани над сто во австрискиот град Грац, минатото лето кога влета со возило во толпа луѓе, беше осуден на доживотен затвор и е испратен во психијатриска установа.

30092016102717_web_grac

Поротниците од Грац оценија дека Ален Р., 27-годишен возач на камион, може да сноси кривична одговорност за неговите постапки, порекнувајќи го мислењето на обвинителството и на експертите, кои на обвинетиот му поставија дијагноза шизофренија, проследена со параноични халуцинации.

На 20 јуни 2015 година овој татко на две деца удри со возилото десетина минувачи, возејќи со голема брзина низ пешачкиот центар, преполн со луѓе, во вториот по големина град во Австрија.

Тој излезе од автомобилот и нападна со нож други луѓе, при што рани двајца, по што и се предаде на полицијата.

Трагедијата, во која загинаа четиригодишно дете, 24-годишна жена и 28-годишен маж, ја шокираше цела Австрија. Полицијата веднаш ја исклучи можноста дека станува збор за терористички напад. Инцидентот го определи како дело на личност со нарушено психичко здравје.

Во текот на судскиот процес беа сослушани 130 сведоци, а обвинетиот, кој целиот бил облечен во бело изјави дека во моментот на инцидентот се почувствувал „дека некој го прогонува“.

Според изјавите на настраданите тој симулирал шизофренија. Поротата утврди дека Ален Р. може да сноси кривична одговорност, но сепак го испрати во психијатриска болница, бидејќи оцени дека тој претставува опасност за околината.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико