Правдико

   

Доживотна казна затвор му се заканува на ветеринар кој ставал хероин во стомаци на кучиња

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Колумбискиот ветеринар, Андрес Елорез Лопез (38) е обвинет за нелегална трговија со дрога во САД, поради тоа што внесувал течен хероин во стомаци на кучиња, со цел негово шверцување.

Откако бил уапсен во Шпанија, ветеринарот бил екстрадиран во САД, каде од страна на федералниот суд во Бруклин е обвинет за увоз и дистрибуција на хероин во земјата. Сопред американскиот државен обвинител за источниот округ на Њујорк, на ветеринарот му се заканува доживотен затвор.

Колумбискиот ветеринар е осомничен дека тој бил дел од група која се занимавала со шверц на дрога повеќе од 10 години, а нивната операција била откриена во 2005 година во Колумбија, кога полицијата открила 10 кучиња кои биле користени како „курири“.

Тие кучиња биле спасени, но за време на нелегалната операција многу починале како резултат на штетните материи кои биле внесувани во нивните стомаци.

За ваквите активности се користеле расни кучиња, најчесто лабрадори, кај кои со хируршка процедура биле ставани пакети со течен хероин, а потоа биле извезувани во САД, бидјеќи се верувало дека нивното педигре го олеснува внесувањето на дрога.

„Елорез ја погазил својата професија, кога се согласил да изведува хируршки зафати за поставување на дрога во стомаците на кучињата“, вели американскиот обвинител.

Лопез Елорез пред судот изјави дека не се чувствува виновен, а неговиот адвокат рече дека неговиот клиент нема никаква вистинска поврзаност со САД.

Партнери на Правдико