Правдико

   

Дозволи за движење за лицата со попреченост со придружник

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост.

За овие наши граѓани нема да важи забраната за движење во периодот од 19:00 до 20:00 часот, од понеделник до петок, а во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.

Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико