Дозволил лов на заштитен дивеч во Кочани, направил штета од 1,8 милиони евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Раководител на ловиште во Кочани дозволил да се врши незаконски лов на заштитен дивеч, со што направил штета на ЈП „Македонски шуми“ од околу 1,8 милиони евра, соопшти МВР.
Полицијата поднесе кривична пријава против В.Ч.(53) од Кочани поради постоење основи на сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според информациите од полицијата, пријавениот во периодот од 2015 до 2018 година, како раководител на ловиште во Подрачното шумско стопанство „Осогово“ – Кочани во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, со пропуштање на должен надзор несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности поради што дошло до значително намалување на бројот на заштитениот дивеч во ловиштето во Кочани.
„Со непреземање на должните дејствија, односно непреземање на потребните мерки за заштита и одгледување на дивечот во ловиштето, постапил спротивно на Законот за ловство, поради што дошло до намалување на 333 грла на заштитен дивеч, утврдено од страна на пописна комисија од ПШС ‘Осогово’, со што го оштетил ЈП ‘Македонски шуми’- Скопје за износ од 113.221.500 денари“, соопштија од полцијата.
Извор: Макфакс