Дрога и оружје откриени во куќи во Кучково и Скопје | Правдико

Правдико

   

Дрога и оружје откриени во куќи во Кучково и Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дрога, пиштоли и бомба биле пронајдени во две куќи во село Кучково и во Скопје.

Според информациите на МВР, пред една недела, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на две локации. При првиот претрес во село Кучково во викендичка сопственост на Ж.Ѓ. биле пронајдени и одземени кеса со марихуана, еден пиштол, еден сигнален пиштол, куршуми различен калибар и една рачна бомба.

При вториот претрес извршен на улица Милан Зечар во Скопје, каде што престојува лицето Г.Ѓ., син на Ж.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и 29.000 денари.

По извршените претреси, двете лица биле приведени и задржани во полициска станица.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико