Правдико

   

Дрски крадци испразниле куќа во Арачиново – го принудиле сопственикот да им даде 120.000 евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Непознати крадци влегле во куќа во Арачиново и под присила со пиштол му одзеле на соптвеникот 120.00 евра, кои претходло легално се добиени од продажба на недвижен имот.

Настанот се случил 28 март. околу 05.15 часот. Кражбата, преку телефон е пријавена во ЕИК.  Лицето Б.С. (20) од Арачиново пријавил дека три непознати  маскирани лица извршиле разбојништво во куќата на неговиот татко.

Сторителите влегле преку незаклучената врата и отишле во спалната соба во која спиел неговиот татко  И.С. (45), кој го разбудиле со закана со пиштол, по што отишле во собата каде што спиел  Б.С. и од под креветот одзеле актовка во која имало 120.000 евра заедно со документ дека се подигнати од банка.

Парите потекнувале од продажба на недвижен имот (нива). Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико