Државата ќе издава ваучери за откажаните патувања поради корона вирусот | Правдико

Правдико

   

Државата ќе издава ваучери за откажаните патувања поради корона вирусот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за економија до Владата достави уредба со законска сила со која се предвидува издавање на ваучери на туристичките агенции во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на избувнување на кризата со коронавирусот.

„Со оваа мерка на туристичките агенции што работат outgoing (појдовен) туризам ќе им се овозможи да издаваат Ваучери во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година. На тој начин клиентите кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот ги откажале своите аранжмани нема да ги изгубат уплатените средства на износот што го уплатиле, а во исто време туристичките агенции би можеле да го издржат финансискиот товар кој би се распределил на подолг временски период“, кажа Бектеши.

Според предлог уредбата, издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност од двете страни, односно туристичката агенција и патниците. Туристичките агенции кои ќе престанат да ја вршат дејноста ќе имаат обврска средствата во целост да им ги вратат на клиентите. Туристичките агенции кои нема да ги почитуваат условите за издавање на Ваучери, ќе добијат соодветни казни согласно законот за Туристичка дејност и Законот за прекршоци.

„Но, не само тоа. За поддршка на туризмот кој е најпогоден од кризата, на барање на Министерството за економија, Здружението за заштита на авторски и музички права ЗАМП донесе одлука да ги ослободи од плаќање надоместок за музика рестораните, хотелите, кафулињата и другите корисници на музика со оглед на тоа што не работат во моментов. Заедно со Фондот за туризам кој веќе беше формиран и со останатиот пакет економски мерки на кој што интензивно работиме можам да кажам дека ќе бидат прифатени сите барања на туристичкиот сектор кој е најпогоден од коронавирусот“, кажа министерот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико